Ахмети отвори музеј на УЧК во кумановско Сопот (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Лидеро на ДУИ, Али Ахмети викендов отвори музеј на УЧК во кумановското село Сопот, каде е изложена и карта на Голема Албанија.

Loading...

 

 

Изложени се и фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари, но и фотографиите од поранешниот командант на УЧК, Али Ахмети.

 

 

Loading...

Ахмети во обраќањето рекол дека Албанците се господари во Македонија и дека се државотворци.

– Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, да нема граница, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари во оваа земја и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено. Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен – изјавил Ахмети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило

 

 

Не е познато кој го финансирал овој проект, а според кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, никој не побарал дозвола за отворање музеј од општината.

– Дали е отворен музеј или спомен обележје, си има строга постапка дефинирана според закон, како се отвора такво нешто. Во моментов немам никаква информација, ниту некој се обратил до Општина Куманово за да побара каква било озвола – Димитриевски.

 

Loading...

 

За пораките Ахмети, Димитриевски  дека не е изненаден оти секогаш играат на национална карта пред избори.

– Во континуитет покажуваат екстремно самовластие како партија која повеќе од 20 години е на власт и секогаш во предизборието, игра на национална карта и со националните чувства на граѓаните – додава Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги

 

 

Меѓу музејските експонати е и знамето на „Голема Албанија“, во чии рамки се голем дел од Македонија, Србија и од Грција.

Loading...

 

Никола Ивановски