Агресивна патничка направила хаос во авион, по што ја нападнала и стјуардесата

Сподели со своите пријатели

Патник на Spirit Airlines на летот од Форт Лодердејл до Нешвил во САД бил уапсен при слетување на авионот поради недолично однесување.

Loading...

Средовечната жена се качила во авионот „расположена“ и немала поим дека нејзината смеа и шеги во авионот ќе се претворат во агресија.

 

 

Сепак, сè се променило кога авионот бил во воздухот.Прво почнала да ја довикува стјуардесата, а потоа кога еден од нив и рекол да се смири, таа тргнала во целосна офанзива, од физичка пресметка.

Таа скокнала врз членот на екипажот и ѝ удрила шлаканица, по што сакала да се пресмета и со колешката.

Двајца патници кои седеле покрај агресивната жена не дозволиле да дојде до тепачката, па ја фатиле патничката за раце и ја држеле додека не била „неутрализирана“, односно додека членовите на екипажот не ја преместиле во посебен дел од авионот.

Loading...

 

 

– Не толерираме никакви испади или агресивно однесување во авионот. Овој патник никогаш повеќе нема да може да лета со нашата авиокомпанија , јасна била Никол Агијар, портпаролка на Spirit Airlines по инцидентот.