Стенд ап со Весна Бејби вечерва во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Под името „Влези не се соблакај“ Весна Петрушевска Бејби вечерва ќе одржи стенд ап пред кумановската публика во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток во 20 часот.

Loading...

Станува збор за проект со кој Петрушевска обележува 25 години кариера, кој го реализира во соработка со МНТ и КМК продукција.

– Очекуваме дека ќе имаме полна сала, таа е традиционален наш гостин, можеме да очекуваме полна сала од кумановската публика. Станува збор за претстава на Македонски народен театар, тоа е нејзин приватен проект со кој ќе настапи вечерва, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“.

Билетите се во ограничен број и по цена од 200 денари. Доколку се уште немате набавено билет тоа можете да го сторите и вечерва пред почетокот на претставата.

Leave a Reply