На локалниот пат Куманово – село Табановце, вчера околу 16.30 часот, патничко возило „Опел Вектра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.Х.(57), удрило во велосипед што го управувал 16-годишник од Куманово.
Loading...
Како што информираат о СВР Куманово, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Куманово.
По укажаната помош тој бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на понатамошно лекување.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.