Градот Куманово денеска е домаќин на спортската манфиестација „Мали олимписки игри“ која на едно место собра над 800 основци и средношколци од целата држава.
Во низа спортски дисциплини и неколку спортски објекти во Куманово денеска ќе се натпреваруваат младите спортисти кои како најдобри во Македонија ги претставуваат своите училишта.
Тутулата Град на спортот во Европа го добивме благодарение на сите вас, им рече градоначалникот Димитриевски на учениците во отворањето наманифестаијата. Куманово нема клубови во премиер лигата, рече тој, но додава но дава поткрепа на сите спортски дисциплини од предучилишна возраст до спортисти пензионери.
– Голема е чест за нас ова признание, а вие само ја збогатувате нашата годишна програма со тоа што не удостоивте денеска да ни бидете гости во градот и секако апелирам до сите присутни кумановци да бидеме добри домаќини на сите вас. Воедно ве охрабрувам ви посакувам успех на сите полиња и секако посакувам најдобрите спортисти да остават трага на оваа манифестација, најдобрите екипи да победат и воедно да ја искористам приликата да ве информирам дека Куманово овие неколку дена е домаќин и на државниот Куп во женскиот ракомет, а екипа на ракометниот женски клуб од Куманово се пласираше во финале. Ја користам приликата да ве повикам сите во сабота да им дадеме поддршка на тој натпревар кој е од исклучителна важност за нас, рече Димитриевски пред присутните.
Директорот на агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски ги повика учениците со зголемен интензитет да се вклучат во активностите со цел да се подигне спортскиот дух, спортските стандарди и да се практикува здравиот начин на живот.
– Сакам да се заблагодарам и на оппштина Куманово за огромната поддршка како финансиски така и логистички да се организираат вакви натпреаври, пред се да дружат децата, но и да се натпреваруваат и со тоас да се покаже дека спортот и понатаму е број еден активност во општина куманово , во изминатито период и во минатото општина куманово живее за спортот , впрочем и излегувањето на големите спортски великани и асови од овој град покажува дека спортот во куманово не е само број еден , туку кумановскиот спорт е број еден и во нашата држава, рече Каевски.
Учениците со најдобри постигнати резултати ќе добијат благодарници и пехари.