Престрелката во Бедиње наводно се случила поради политички несогласувања

Сподели со своите пријатели

Според шпекулациите и се уште непотврдени информации, денешната престрелка на ул. 11 Ноември во кумановската населба Бедиње бележи биланс од еден загинат и две повредени лица од кои едниот со тешки телесни повреди е префрлено на Државната Клиника во Скопје.

Loading...

Весникот Љајмпрес објави дека денес е убиен Џемаил Реџепи, т.н Командант Шќипоња кој починал на пат кон болница,  додека ранетото лице е Шефкет Реџепи, кој е во роднинска врска со убиениот.

Според шпекулациите, целата расправија се случила за политичката партија ДУИ, и за тоа кој ќе застане на чело на огранокот во Куманово.

Името на ранетото лице Ш.Р е поврзано со полициската акција во Куманово по нападот на караулата Гошинце, кога во семејниот дом на неговиот брат беше пронајдена поголема количина на експлозив ТНТ.

Според првичните информации на Љајмпрес, тие се повредени од страна на поддржувачите на Бајрам Лимани, кој пред еден месец бил назначен за посредувач за тоа кој ќе застане на чело на општинската организација во Куманово.

Инцидентот се случи во кафуле во близина на факултет на ДУТ во Куманово, каде што Реџепи требало да се сретне со Бајрам Лимани за да се координираат во врска со изборот на претседател.

Во овој инцидент, исто така, повреден е и Гани Демири, кој претрпе рани на рацете.