Во библиотеката ”Тане Георигевски” – промоција на научен труд на Мирослав Андреевски

Сподели со своите пријатели

Во просториите на градската библиотека ”Тане Георгиевски”, во среда со почеток од 20 часот ќе биде промовирана книгата “Професијата криминалист – интегритет и прагматичност” од Мирослав Андреевски.

Loading...

Книгата претставува научен труд од областа на безбедноста и криминалистиката во која  Андреевски ги користи методолошките пристапи за проучување на безбедносните проблеми, а со тоа и самата професија криминалист, како и теориите својствени за нивно проучување.

Во тој контекст, авторот на оваа монографија презентира амбициозен и значаен научен труд од областа на безбедноста и криминалистиката во Р. Македонија.

Мирослав Андреевски е вработен на Факултетот за безбедност при Универзитетот ”Климент Охридски”.