Спортските објекти во Куманово во лоша состојба (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Состојбата со спортските објекти во градот е лоша, но ако направиме компарација со останатите општини е далеку подобра, рече градоначалникот Максим Димитриевски на својот едногодишен отчет.

Запрашан за реконструкцијата на главната спортска сала која е во фаза на распаѓање, Димитриевски вели дека заедно со Соколана, стрелиште, градскиот стадион и други објекти во 2002 година биле доделени на концесинери од страна на Агенција за стопанисување со спортски објекти, кои денес Општина Куманово ги бара назад.

 

Loading...

 

Локалната самоуправа потроши 37.000 евра за изработка на основен проект на добивање на е-дозвола за изработка на техничка документација за реконструкција на Спортска сала, меѓутоа средства за понатаму допрва ќе се бараат.

– Верувам дека во следниот период, бидејќи има разбирање од страна ан некои концесионери, ќе ни бидат вратени назад и веќе порачавме проектна документација за реконструкција на спортската сала, која само за хартија чини повеќе од 2 милиони денари. Проектот го изведува фирмата Геинг и верувам дека во следниот период ќе добиеме комплетен градежен проект за кој ќе можеме да издадеме градежна дозвола и паралелно со истиот да аплицираме за одредени средства. Моите заложби се да ја изградиме спортската сала, дали ќе ја изградиме како општина, дали ќе побарам помош на меѓународен план или помош од домашните приватни субјекти или дури и самодопринос од нашите сограѓани, ние имаме за обврска да го направиме тоа и мојата интенција ќе биде да го направиме тој објект кој е еден од основните симболи на градот, рече Димитриевски.

Со добро подготвена проектна документација ќе се аплицира на проекти за прекугранична соработка и фондови на Европската унија, а со цел реконструкција и на останатите запуштени спортски објекти во градот.

 

 

Изминатите 13 години Општина Куманово ја немаше среќата и судбината на некои други општини во Република Македонија каде се инвестираше од страна на државата, посочи Димитриевски, кој додаде дека за тој период во Куманово се изградени само две тениски игралишта.

– За 13 години од спортски објекти во Куманово од страна на државата е вложено само во изградба на две тениски игралишта, додека самата општина и граѓаните на Општина Куманово успеаа да реализираат поголем број спортски објекти, почнувајќи од градскиот кеј, училишните сали во населба Карпош, во Земјоделско и Економско училиште, сега во моментот благодарејќи на Владата е комплетно завршена спортската сала во економското училиште во касарната „Христијан Карпош“, исто така се гради нова училишта сала во село Черкези. Во следниот период очекуваме реализација на спортска сала во „Наце Буѓони“ и сето тоа се проекти кои ќе бидат ставени на располагање на нашите спортисти, додаде Димитриевски.

Во меѓувреме Општина Куманово аплицираше за Град на спортот за 2019 година во Европа, според градоначалникот, ќе биде дополнителен бенефит за градот, затоа што ќе овозможи подобро бодување за искористување на европските фондови.

 

Loading...

 

Моментално градот нема квалитетна спортска сала, бидејќи во главната ништо не е реконструирано години наназад, а како поквалитетни се оние во СОУ „Перо Наков“ и ООУ „Христијан Карпош“, каде исто така има низа забелешки од спортските федерации, почнувајќи од осветлувањето па се до квалитеот на паркетот, и покрај фактот дека градот има три клубови во првата лига, низа клубови во останатите национални спортски лиги и индивидуални спортски дисциплини.

фото: архива

Leave a Reply