Покрај „будењето“ откриена уште една делотворност на кафето

Сподели со своите пријатели

Времињата кога кафето беше на лош глас сосема сигурно се веќе во минатото. Студиите покажуваат дека, ако не се пие во претерано големи количини, може да предупреди на настанување на одредени болести и подобрување на функцијата на срцето.

Љубителите на кафето тврдат дека ги забрзува реакции, допринесува до подобро внимание и го потикнува логичното размислување.

Дали кафето навистина протерува?

Loading...

Група бразилски и британски научници испитувале како кофеинот влијае на резултатите во спортовите и издржливоста кога се зема непосредно пред активностите. Во студијата, која влегла во најголемата медицинска библиотека во светот „The National Library of Medicine“, учествувале повеќе од 40 професионални велосипедисти, од кои некои пиеле во просек помалку од едно кафе дневно, некои две, а некои повеќе од три кафиња на ден.

Сите учесници во истражувањето по тренингот на ергометар биле следени од научниците. Во една фаза од студијата им давале табети со кофеин со јачина од четири кафиња дневно, во другата добила плацибо, а во третата ништо. Резултатот: велосипедистите под дејство на кофеин во просек биле, 3,3 отсто, а плацебо групата 2,2 отсто побрзи од оние кои не консумирале кофеин.

Експертите меѓутоа предупредуваат дека дејството не треба да се преценува, затоа што кафето делува на телесните функции така што ја зголемува фрекфенцијата на срцето и дишењето и на искористувањето на енергијата и согорување на мастите.

ЗАБОРАВЕТЕ НА КАФЕТО: Ова е најефикасниот начин за будење

– Тоа е затоа што кофеинот делува на кората на надбубрежната жлезда и ги активира хормоните на стресот, што всушност не е посакуван ефект, објаснува за „Фитбук“, персоналниот тренер и професор по физичко воспотување Феликс Клеме.

Leave a Reply