Во Охридското езеро денеска се удави едно лице. Телевизија 24 вести дознава дека неофицијално станува збор за момче од Куманово кое пред малку е пронајдено мртво откако попладнево заедно со друга група на момчиња се возеле на педалинка.
Како што пишува Курир, момчето паднало од педалинката и извесно време му се губи секаква трага во езерото. По пребарување од страна на полицијата, безживотното тело на момчето е пронаједено.
Во моментов на терен се полицијата и медицински екипи кои ги истражуваат причините за несреќниот случај. СВР Охрид ја потврди информацијата и најави подетални информации во текот на денот.
Извор: Курир.мк