Кога малиот Домник Вејт е роден, на неговите родители лекарите им рекле дека нивното бебе има „темпирана бомба“ во главата. Сите се подготвувале за најлошото, но малиот борец, и покрај ретката состојба со која е роден успеал да преживее иако неговите родители во неколку моменти размислувале да ги исклучат апаратите кои го одржувале во живот.
Неговата мајка Меган се породила предвреме во 32. недела од бременоста, откако на ултразвук било утврдено дека Доминик има дамка на црниот дроб и зголемено срце. Меган е одведена на итен царски рез во болницата во Алберта, Канада.
Поради ретката болест светот го гледа наопаку, но тоа го прави со насмевка (фото)
Loading...
Лекарите имале уште лоши вести. Доминик пати од артериовенска малформација (АVM), ретка комбинација од абнормални крвни садови кои ги поврзуваат артериите со вените и кои се подложни на пукање и крварење. Доминик имал AVM на дури две места, во црниот дроб и мозокот, каде вените пукнале што и довело до излив на крв во мозокот.
Лекарите ја предупредиле Меган и нејзиниот сопргу дека синот им е во критична сосотјба. AVM предизвикало мозочен ударл малку по раѓањето.
– Ни беше кажано дека Доминик имал мозочен удар. Она што го преживеал неговиот мозок е големо. Неврологот ни рече дека нашиот син можеби никогаш нема да се разбуди, вели мајката за The Sun.
Родителите веќе започнале да размислуваат што ќе прават ако умре, а лекарите импредложиле палијативна нега за синот. Ситуацијата делувала безизлезно, а тогаш малиот Доминик започнал да се опоравува.
Ова девојче има болест која е толку ретка што се уште нема име (фото)
Кога доволно зајакнал, лекарите ја закажале првата операција со која АВМ е отсранет од неговиот црн дров. Она што сега го очекува е иста таква операција со која ќе се отстрани АВМ од мозокот.
Дека малиот Доминик навистина е посебен зборува и неговиот изглед. Момчето е родено со црвени точки по телото, за кои лекарите велат дека немаат никаква врска со здравствениот проблем. не е познати дали пегите ќе изчезнат, но неговата мајка се надева на тоа.