Поради ретката болест светот го гледа наопаку, но тоа го прави со насмевка (фото)

Сподели со своите пријатели

Клаудио Вијера де Оливеира од Бразил е роден со ретка генетска болест. Живее со опасен случај на артрогрипозиз мултиплекс Конгенит (АМС). Ова се случува во привте три месци од бременоста, а најтешките случаи влијаат на деловите од мозокот или органите.

Клаудио е роден со рацете и нозете наопаку и со врат кој изгледа како главата да му е погрешно наместена.

Лекарите на неговата мајка рекле дека нејзиниот сим има мали шанси да преживее. Мислеле дека ќе умре првите 24 часа од раѓањето. На среќа, тие погрешиле. Неговото семејство никогаш не престанало да се надева. одлучиле повеќе никогаш да не го вратат во болница.

Кога имал осум години, Клаудио почнал да се движи на колената. Семејството ја прилагодило куќата за да може да се движи што повеќе. Подот бил таков што доколку падне не може да се повреди. Мебелот бил со височина од која не би морал да бара помош ниту за најосновите работи. Прекинувачите за светло биле ниско поставени, поентата била Клаудио да работи многу работи независно од семејството.

Поради единствениот облик на тело, Клаудио не може да биде во инвалидски колички, но тој решил да оди на училиште и да мисли на себе во потполност како нормална личност која случајно го гледа светот различно од другите. Научил да се прилагоди на своето опкружување, пронашол креативни начини да ги прави основните работи, како вклучување на телевизорот, користење на мобилниот телефон и компјутер.

На 40 години ја напишал и својата прва книга, биографија за својот живот и неговата болест. Оргиналниот наслов е „Светот наопаку“.

Клаудио повеќе не се плаѓи дека луѓето го гледаат како поразличен. Неверојатна е силата и храброста која ја има, а цело време има и насмевка на лицето. Тоа се нарекува позитивна енергија.