Последната желба на учителка од САД допре до луѓето од целиот свет (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Теми Вадел од Џорџија, починала месецов на 59-годишна возрасто по борба со рак. Наместо цвеќе, Теми сакала нејзините пријатели, членови на семејството и колегите да донесат и да донираат училишен прибор, ранци и книги за децата кои немаат пари.

https://kumanovskimuabeti.mk/emotivna-poddrshka-na-uchenici-do-profesorka-zabolena-od-karcinom-video/

Loading...

Фотографии од поменот на Теми Вадел предизвикаа возхит кај милиони луѓе ширум светот, а споделени се стотици илјади пати на социјални мрежи.

Роднината на Теми во пораката на Твитер ја опишал како професорка до самиот крај: „Стотици колеги и пријатели носеа ранци со себе. Беше премногу емотивно“.

Голем број поранешни ученици се јавиле на социјалните мрежи да изразат жалост поради смртта на омилената професорка.

– Имаше големо влијание на мојот живот и ме научи на се. Сакав кога не пречекуваше со насмевка на часот, е само еден од коментарите на поранешните ученици.

– Не можев да посакам подобар ментор и пријател, гласи последниот поздрав од еден колега.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Leave a Reply