САКАТЕ ДА ЗАСПИЕТЕ КАКО БЕБЕ? Еве неколку совети кои ќе ви помогнат! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во прашање е посебна поза во која треба да бидете 10 минути пред одењето во кревет. Освен што лечи несоница, регулира проток на крв низ телото, го смирува умот, а помага и кај благите облици на депресија.

– Телото за спиење треба да се подготви, вели нутриционистката Џесика Сепел која ништо не препушта на случајот кога е во прашње добриот сон.

Пцуеме и кога спиеме, но еден збор луѓето најчесто го изговараат во сонот

Loading...

Го открива и својот трик кој, како што вели, помага побрзо да се потоне во сон и да се спие поквалитетно.

– Јас сакам да ги кренам нозете на ѕид десет минути пред одење на спиење. Се работи за поза позната под името „Випарита Карани“ која ја подобрува циркулацијата и го става парасимпатичкиот дел од мозокот во фаза на мирување. Кога ја изведувате оваа поза, погрижете се спалната соба да е мрачна и студена. Легнете, кренете ги нозете на ѕидот и полека дишете десет минути, вели Џесика Сепел.

Оваа поза го регулира протокот на крвта низ телото, добра е кај проблеми со отечени зглобови, кај несоница, го смирува умот, а помага и кај благи форми на депресија.

– Функционирањето на сите наши внатрешни органи е регулирано од страна на нашиот несвесен нервен систем познат како автомономен нервен систем (АНС).

АНС се дели на симпатички и парасимпатички нервен систем. Симпатичниот нервен систем е одговорен за активација на одговори во стресни ситуации. Парасимпатичкиот систем всушност е спротивно одговорен за активирање на состојбата за смирување и предизвикува реакција на опуштање, појаснуваат во Центарот за акупунктура во Сплит.

Ако сакате да спиете добро, тогаш мора да внимавате на овие работи

Нутриционистката Џесика Сепел практикува уште некои навики за подобрување на квалитетот на спиењето. Вели дека е исклучително важно да се престане да се размислува за работа пред спиење.

– Размислувањето за работата и стресот за време на вечерта само го зголемуваат нивото на кортизол и адреналин. Обидете се да се опуштите пред спиењето. Во тоа помагаат, на пример, топлата купка со малку морска сол, чај од камилица, прскање на јастукот со масло од лаванда, запалени свеќи и изгаснато светло во дневната соба, додава таа.

И она што го јадеме пред спиењето има големо влијание.

– Јадете протеини затоа што навистина може да помогне кај регулирање на шеќерите во крвта. Освен тоа, вечерата јадете ја полека, алкохолот пред спиење избегнувајте го, како и рафинираниот шеќер, какао, дури и овошје, вели Џесика.

Исклучувањето на мобилниот телефон, таблет и компјутер е важно за опуштање и подготовка на телото и умот за спиење.

– По непишано правило, мене никогаш нема да ме добиете на телефон по 20 часот. Лицето залепено за екранот се до одењето во кревет не допринесува за квалитетно спиење, објаснува таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мигрант кој се бори со ракот доби 1,3 милијарди на лотарија: „Сега ќе можам да платам лекар“

Leave a Reply