Со вакво однесување родителите ги „убиваат“ амбициите и самостојноста на децата

Сподели со своите пријатели

Родителите се надеваат дека децата ќе ги потикнат на тоа да заработуваат и имаат свои пари така што ќе им даваат пари кога ќе им затреба, а со тоа само доаѓа до контраефект, предупредуваат научниците.

Истражувањето кое го спровеле Универзитетот Њукастл и „Youth Employment“ покажало дека децата на родители кои имаат добри позиции и плати се помалку амбициозни. Но, поентата на истражувањето не била да се обесхрабрат родителите во помагањето на своите деца.

 

Loading...

 

– Истражувањето укажа на тоа колку семејството е важно и колку скромната парична поддршка од родителите е добра за напредокот над ецата, рекла Лаура Џејн Ролиг, директорката на „Youth Employment“.

Истражувањето укажало на тоа дека младите кои зависат од родителит епретставуваат полоша генерација затоа што потешко се вработуваат, немаат ниту еден час работно искуство, потешко се одлучуваат за професијата со која ќе се занимаваат поради што повеќе бираат да зависат од родителите.

Многу се уште живеат со своите родилите или морале да се вратат дома.

 

 

Недвижностите им остануваат недостижни затоа што немаат средства за да си обезбедат кров над глава. Поради тоа поголемиот дел од младите се уште живеат со своите рдители. Нивната независност е загрозена затоа што не се одлучуваат на ризик и немаат чувство за одговорност како деца на родители кои се во лоша финансиска состојба, пишува Индепендент.

Родителите кои се во можност се трудат на децата да им обезбедат добра работа преку врски и познанства. Младите чии родители јасно им ставиле до знаење дека работата и парите се поврзани имаат поголеми шанси и амбиции да успеат и да се остварат како успешни луѓе.

Leave a Reply