Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе бидат улиците „Иво Лола Рибар“, „Веселин Маслеша“, „Моша Пијаде“, „Панче Пешев“, „Крсте Мисирков“ и „Париска Комуна“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат за нормализирање на водоснабдувањето.