Приказната на каролина кејси никого не остави рамнодушен. Оваа девојка од Ирска пораснала и не била свесна за својот хендикеп, се до еден важен ден во нејзиниот живот.
„Додека растев, не можев ниту да претпсотавам дека нешто не е во ред со мене. Носев очила и бев неспретна, но на училиште бев успешна како и секој просечен ученик. Не сонував дека всушност сум слепа. Тоа го дознав случајно кога наполнив 17 години. бев кај очен лекар и попат му споменав дека би сакала да полагам тест за возачка дозвола. Се изненади и веднаш ги праша моите родители зошто не ми ја кажале вистината – дека имам генетско пореметување кое предизвикува траен губиток на видот. Нема да можам да полагам за возачка, не таа година, никогаш.
Тоа беше пред скоро три децении. Можеби не положив, но не дозволив губитокот на видот да ме успорува. Изградив кариера како советник во менаџментот и сега живеам со сопругот и неговите деца. Последните 15 години работата ми е што повеќе да зборувам за луѓе со хендикеп. Едно видео во кое зборувам за тоа колку е важно луѓето со хендикеп да не се занемарат во бизинсот го гледале над милион луѓе, затоа што милијарда не има на планетата со некој хендикеп.