Канаѓанката Лаурен во 30. година се уште е девица затоа што не поднесува бакнување и туѓ допир. И покрај необичниот синдром од кој пати успеала да забремени и тоа со помош на вештачко оплодување.
Младата жена ги игнорирала советите на семејството, пријателите и лекарите и одлучила да стане мајка. Своето прво дете, кое е зачнато со сперма од донор, би требало да го роди во јуни.
Канаѓанката вели дека многу се радува за детете, но и за фактот што целиот живот ќе остане девица. Очекува детето целосно да и го исполни животот и успешно да избегне излегување и дружење со мажи што и претставува голем проблем.
– Од раѓање патам од хипопитутаризам, состојба поради која хипофизата не функционира нормално, што значи дека не испраќа соодветни хормонски пораки до другите жлезди во телото, како што е на пример адреналинот, вели Лаурен.
Поради ова пубертетот многу подоцна го надминала од вообичаеното.
– Отсекогаш се шегуваа со мене затоа што немав гради како другите девојки, а имав и млечни заби. Ми се смееја на се што беше поинакво. Сето тоа исмевање и ругање на мене остави длабока трага па започнав да се одалечувам од луѓето. Животот ми стана полесен откако започнам да изгледам како останатите. Излегував на неколку состаноци. Не сум за тоа. Попрво би се фокусирала само на себе, вели и признава дека одамна сфатила дека излегувањата со мажите за неа немаат смисла.