Гневни родители поднеле жалба откако воспитувачка во градинка им ги депилирала веѓите на нивните деца, а претходно за тоа не побарала дозвола.
Пронашол бомба па ја донел во градинка да се пофали
Loading...
Гленда Круз не можела да верува кога го земала своето дете од градинката и кога видела дека очигледно бил дел од неуспешен третман за убавина.
На својот Фејсбук профил го напишала следниот статус:
– Знам дека многумина ќе речат не е ништо важно, но за мене е затоа што детската кожа е многу деликатна. Мојот син е бебе и не може да се брани. нема уште ниту две години и јас сега се чувстувам како лоша мајка затоа што не сум го заштитила.
Таа исто така поставила и фотографии на кои јасно се гледа дека не нејзиниот син му се депилирани веѓите. Набргу се јавила и друга мајка која потврдила дека и на нејзиното дете му се случило истото.
Имала три години кога и отстраниле половина од мозокот, нема да верувате како изгледа денес (видео)
– Ја одведов ќеркичката во градинка за да завршам некои обврски. Кога отидов по него видов црвен траг помеѓу нејзините очи. Мислев дека е гребнатинка, но кога стигнавме дома, сфатив дека воспитувачката ги депилирала веѓите на моето дете, напишала Алиса Салгадо.
Двете мајки веднаш поднеле жалби против воспитувачката.