Во текот на утрешниот ден повеќе улици низ Куманово ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 08:00 до 15:00 часот планирани прекини во дистрибутивниот систем без електрична енергија ќе ги остават жителите на дел од улиците: „Тоде Думба“, „Народна Ревулуција“, „Бајрам Шабани“, „Титова Митровичка“, „Лесковачка“, „Никшичка“,„Билјановска“ и „Стојан Арсов“.
Поради дефект, прекини вчера имало во селата Којнаре, Табановце и Четирце.