Аеродромот Гибралтар или Норт Фронт е еден од поспецифичните, со оглед на тоа дека неговата писта ја пресекува локалниот пат.
Пистата е долга околу 1.800 метри, а се наоѓа покрај најфрекфентниот градски пат, „Авенија Винстон Черчил“, која при секое полетување или слетување на авион се затвора така што се спуштаат рампи како на премините преку пруга.
Во тие случаи се создаваат големи сообраќајни метежи, затоа што рампата може да биде спуштена и до два часа.
Аеродромот Гибралтар е направен преку улицата затоа што недостасувал рамен простор, со оглед дека се наоѓа на мал полуостров кој има површина од само 6,8 квадрани километри.
Норт Фрон аеродромот за среќа не е прометен и има само околу 30 слетувања и полетувања неделно и сите се од или за Велика Британија.