Во текот на изминатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока, при што привремено се задржани фалсификати, семенски материјал, читачи за патарина, употребувани алати, регистарски таблички, облека, девизи и цигари, информираат од Царинската управа на Република Македонија.
Седум употребувани електрични алати и апарати (хилти, штрафилица, косилка, машина за чистење, агрегат и машина за перење автомобили) и 1 нов калорифер, откриени при контрола на швајцарско комбе, управувано од македонски државјанин и пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце Автопат. Непријавените производи пронајдени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.