И додека Американците се смееја, Југословените со гордост го возеа.
Ви пренесуваме 10 интересни факти за автомобилот кој ги одбележа осумдесетите години на минатиот век. Ова е приказната за легендарното „Југо“ кое го имаше скоро секоја куќа.
1. Можеби делува логично дека „Југо“ името го добил по Југославија, но всушност е наречен по истоимениот ветер. Слична била и праксата на „Флоксваген“ во седумдесетите години со моделите како што се „јети“ и „пасат“. Пред името „Yuga“ името му било „Југо“, но ипсилон е додаден за да влезе во игра на странските пазари.
Југословенскиот хит автомобил „Фиќо“ го слави 60-от роденден (фото)
2. „Југо“ е дизајниран од инжинерите на „Фиат“ и „Застава“ во 1978 година во дизајнерскиот центар на „Фиат“ во Торино. Правен е најмногу по примерот на „фиат 127“, кој во 1972 година е прогласен за автомобил на Европа. Меѓутоа, „Југо“ имал нешто пократок меѓуосовински дел и целосно нов надворешен дизајн.
3. Сериското производство започнало во петок на 28 ноември 1980 година. Датумот е избран за да првиот примерок биде готов веќе утредента на 29 ноември, на тогашниот Ден на републиката.
4. Еден од главните „виновници“ за операцијата за доведување на „Југо“ на американскиот пазар е бизнисменот Малколм Бриклин, кој во САД ја однел и „субара“.
5. За да се појави на патиштата во САД на „Југо“ му биле извршени 500 преправки во однос на оргиналната верзија на овој автомобил.
6. Одредени американски политичари се противеле за увозот на автомобили од комунистичка Југославија тврдејќи дека поради ниската цена се работи за дампинг. Можеле да се слушнат и обвиненија дека во „Застава“ луѓето работат како робови, што претседателот на „Југо Америка“ Бил Прирор ги отфлил на хумористичен начин: „Не користете робовска (slave labor), туку словенска работна сила (Slav labor).
7. „Југо“ во САД бргу станал поприлично омразен автомобил, но изгледа дека барем еден Американец го сакал. Тоа бил американскиот амбасадор во тогашна Југославија, кого возачот во осумдесетите години низ Белград го возел во жолто „Југо“ со американски знаменца.
ПОТСЕТЕТЕ СЕ НА МЛАДОСТА: 10 најгледани реклами во СФРЈ (видео)