Најголеми евроскептици на Западен Балкан се Србите, покажало истражувањето на програмата ЕУ „Хоризон“.
Според истражувањето, граѓаните на Косово, кои во оваа истражување се сметаат како посебни, како и Албанија, најмногу се свртени кон Европската унија во регионот.
Според тие податоците, Србија на Западен Балкан предничи и во ставот дека ЕУ носи корист само за оние кои се богати и моќни, а тоа го сметаат 60 отсто до Србите, додека слично е мислењето и во Македонија, односно 50 проценти од Македонците се евроскептици.
Како се наведува, Србите во ЕУ гледаат закана, како врз културниот идентитет, така и врз економијата, додека најмалку се плашат за тоа испитаниците од Албанија, кои од сите учесници во анкетата во најмала мера сметаат дека ЕУ е лоша за нивната економија.
Истражувањето покажало дека Црногорците, иако се најблизу со влез во ЕУ, се поскептични од граѓаните на Косово и Албанија, како и дека слични ставови во сите три области имаат Македонија и Босна и Херцеговина, кои не се толку евроскептици како Србија, ниту пак гледаат огромна закана од ЕУ врз нивната економија и културен идентитет, како што на тоа гледаат Србите.