30 години смртта беше единствен жител на овој град, но светлото повторно се вклучи (видео)

Сподели со своите пријатели

Двајца Полјаци одлучиле да го вратат животот во градот Припјат во кој никој не живее по нуклеарната катастрофа во Чернобил.

 

Loading...

Кристијан Махник и Адам Бојановски влегле во т.н. град на духови носејќи со себе агрегати, а потоа тргнале ги палат светлата ширум градот.

Не сакавме да имаме фотографии како и сите други луѓе кои се охрабриле да го посетат оваа место по катастрофата. Исто така, сакавме на овој град да му вратиме некаков живот – велат момчињата.

Мистерија во Чернобил: Радиоактивни „ѕверови“ шетаат низ шумите (видео)

Тие со себе понеле генератори затоа што не биле сигурни дека сијалиците воопшто ја преживеале катастрофата која се случила во далечната 1986 година.

Го вклучивме генераторот и ја приклучивме мрежата. Знаевме дека нешто ќе се случи, но не го очекувавме ова. Светлата започнаа чудно да треперат, апотоа се вклучија, прв пат после 30 години – одушевено раскажуваат момчињата од Полска.

Тоа ги навело да го обиколат целиот град и да се обидат да ја вклучат секоја светилка. Ги оживеале старите светлечки реклами, училниците, бројни станови и бандери. Тие велат дека повеќе пати го посетиле оваа место и дека од година во година гледаат како Припјат се повеќе пропаѓа.

Тече вода низ ѕидовите, во текот на зимата се замрзнува, па повторно пукаат, па се нешто се руши или отпаѓа. Секогаш кога доаѓаме градот не е ист. Некои работи за 10 години повеќе нема ни да постојат тука – вели Бојановски.

 

https://youtu.be/Ergx0vkIGm8