Сончево до умерено облачно и температури до 11 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денес ќе биде шроменливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлиниќе се задржи магливо и со ниска облачност. Попладне во крајните западни делови ќе има услави за слаб локален дожд. Ќе дува слаб јужен ветер Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува сосема слаб ветер од југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 6 степени. Во текот на ноќта после скоро еден месец нема да имаме температура во негатива, туку че биде 0 степени целзиусови.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време. И утре само во крајните западни делови ќе има слаб локален дожд. Во сабота и недела на повеќе места ќе има повремен дожд со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурата ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика понатамошно топење на снежната покривка. Нов влажен бран се очекува во понеделник кон крајот на денот.