Куманово прогласено за „Младински пријателски град“ во Североисточниот регион

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ја доби националната награда „Младински пријателски град“ за Североисточниот плански регион, признание кое се доделува на општини кои придонесуваат за унапредување на младинските политики и создавање подобри услови за младите.

Наградата беше доделена во рамките на четвртиот Национален форум за младинска работа, кој се одржа во Охрид, во организација на Коалицијата на младински организации „СЕГА“, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Во име на Општина Куманово, признанието го прими советничката Мила Петрушевска.

 

 

Со оваа награда се вреднуваат активностите и заложбите на локалната самоуправа за креирање можности за младите, нивно активно учество во општествените процеси, како и развојот и спроведувањето на младинските политики на локално ниво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работен состанок на Отсекот за превенција и автопревозниците за поголема безбедност во јавниот превоз на патници

Од Општина Куманово посочуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со поддршка на младинските идеи и иницијативи, со акцент на отворање нови можности за професионален развој и создавање перспективи за младите во локалната заедница.

Никола Ивановски