Кумановец попречувал вработени во „Водовод“, па се заканувал на полицајци

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишник од Куманово бил приведен вчера поради попречување на вработени во ЈП „Водовод“ при вршење работни активности, а потоа се заканувал и на полициски службеници.

– На 28.10.2026 во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода В.Т.(45) од Куманово затоа што попречувал вработени во ЈП „Водовод“ при извршување работни активности и се заканил со тврд предмет на полициски службеници кои интервенирале на местото, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Повеќе делови од Куманово и Старо Нагоричане денеска и утре без струја

Никола Ивановски