ТК Тумба со двојна радост: Стефан Дебрешлиевски и Гала Трајковска кренаа нови трофеи!

Сподели со своите пријатели

Тенисерите на ТК Тумба од Куманово забележаа нови успеси на тениските терени, освојувајќи трофеи и остварувајќи одлични резултати на турнирите што се одржаа викендов.

На завршниот Мастерс до 16 години, кој се играше на терените на ТК МТП во Скопје, настапија членовите на кумановскиот клуб Алексеј Стојановски, Стефан Дебрешлиевски и Марин Стефановски.

 

 

Во финалето се сретнаа Дебрешлиевски и Стојановски, а победата и шампионскиот пехар му припаднаа на Стефан Дебрешлиевски.

Успех забележа и Гала Трајковска, која го освои турнирот во портокалов тенис. Во финалниот натпревар таа беше поуспешна од Каја Радески од ТК Југ, со што уште еднаш го потврди својот квалитет во оваа категорија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица од скопско приведени при обид за кражба во Куманово

 

 

Од клубот ги издвоија и настапите на Петар Насковски и најмладиот тенисер на ТК Тумба, Јаков Петковски, кои се истакнаа со добри игри и покажаа потенцијал за идните натпреварувања.

Никола Ивановски