Пешак тешко повреден откако „бмв“ удрило во него во липковско

Сподели со своите пријатели

Шеесет и седумгодишник од липковско се здобил со тешки повреди откако викендов во него удрило „бмв“ на регионалниот пат Куманово – Липково.

– На 17.10.2026 околу 06:05 часот во СВР Куманово било пријавено дека  на  регионален пат Куманово-Липково, во село Оризари, Општина Липково, се  случила сообраќајна незгода каде патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.Р. (35) од  село Липково удрило во пешакот Д.Д. ( 67) од село Оризари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот Д.Д. и истиот бил пренесен во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица од скопско приведени при обид за кражба во Куманово

– Увид извршила екипа од СВР Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Никола Ивановски