Две лица од скопско приведени при обид за кражба во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица од скопско Страчинци биле приведени откако биле затекнати при обид да украдат производи од продажен објект во Куманово.

– На 16.10.2026 во 18:40 часот полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ш.( 52) од Скопје и А.А. (51) од село Страчинци, скопско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле затекнати во продажен објект на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово во обид да одземат производи.

– А.Ш. и А.А. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетници натепани со метален предмет од врсници во Куманово

Никола Ивановски