Кумановец возел со 2,27 промили алкохол, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Педесет и четиригодишен кумановец бил приведен ноќва откако полицијата констатирала дека возел под дејство на алкохол.

– На 13.10.2026 во 00:45 часот на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Л.М.(54) од село Љубодраг, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај било запрено патничко моторно возило „фолксваген“, при што било утврдено дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,27 промили алкохол во оргнизмот.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепан од својот братучед

Никола Ивановски