Илиевска: Над три милиони евра приходи од управувањето со одземен имот

Сподели со своите пријатели

Агенцијата за управување со одземен имот остварила над 3 милиони евра приходи во изминатите две години, информираше денеска директорката Ирена Илиевска, во рамки на програмата за отчетност на функционерите од Движење ЗНАМ – За наша Македонија.

„Нејзината прес конференција ви ја пренесуваме интегрлано во продолжение: Одговорно управување, финансиска дисциплина и конкретни резултати во интерес на државата и граѓаните Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет за двегодишната работа, презентирајќи конкретни резултати што потврдуваат дека јавната функција мора да значи одговорност, ефикасност и мерливи придобивки за граѓаните.

Во изминатите две години, Агенцијата за управување со одземен имот, предводена од директорката Ирена Илиевска, оствари над 3 милиони евра приходи, повеќе од двојно во однос на претходниот период, преку наплата на противправно стекната имотна корист, продажба и отстапување имот и продажба на акции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Државниот секретар Петрушевски на средба со специјалната претставничка на ИЦМПД за Западен Балкан

Продадени се седум конфискувани недвижности, 59 возила во исправна состојба и 384 возила како старо железо.

Повеќе од 34 возила се отстапени на државни институции, додека запленета и проверена стока е донирана на повеќе од 105 институции низ државата.

Истовремено, целосно се исплатени затекнатите обврски кон добавувачите во износ од околу 4 милиони денари, вработени се 23 лица и набавен е електронски регистар на конфискуван имот, пред рокот предвиден со Реформската агенда.

„За ЗНАМ, конфискацијата не е крај на постапката. Одземениот имот мора да биде заштитен, со него да се управува одговорно и да се стави во функција на државата и граѓаните. Тоа е суштината на владеењето на правото – незаконски стекнатиот имот да создава јавна вредност, наместо да пропаѓа и да остане неискористен“, е пораката од институционалниот отчет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Државниот секретар Петрушевски на средба со специјалната претставничка на ИЦМПД за Западен Балкан

Резултатите се потврда дека со финансиска дисциплина, стручни кадри, дигитализација и координација со надлежните институции може да се унапреди ефикасноста и транспарентноста во управувањето со конфискуваниот имот.

ЗНАМ останува посветен на институции што испорачуваат резултати, одговорно управуваат со јавните ресурси и работат исклучиво во интерес на државата и граѓаните. Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, истакна Илиевска.