69-годишник физички нападнал вработени во трговски објект во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и деветгодишник во Куманово бил приведен вчера откако физички нападнал вработени во трговски објект.

– На 09.10.2026 во 09:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа Ч.Ј.(69) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во трговски објект на улицата „11 Октомври“ во Куманово, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад кон вработените, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендирани делегатот и двајца судии поради слабо судење на натпреварот Куманово – МЗТ