Шеесет и тригодишен кумановец бил приведен вчера попладне откако полицијата во возилото му пронашла огревни дрва без жиг и испратница.
– На 05.10.2026 во 18:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле А.Е.(63) од Куманово затоа што при преглед во неговото возило биле пронајдени огревни дрва без жиг и испратница, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски

