СВР Куманово со кампања за безбеден јавен превоз на патници и ученици (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово и Општинскиот совет за превенција денеска спроведоа Кампања за безбеден сообраќај и јавен превоз на патници и ученици.

 

 

Денешната кампања е  насочена кон сите фирми кои вршат автобуски јавен превоз на патници и  ученици и неопходноста од технички исправни возила.

 

 

Надлежните упатија апел до сите возачи на автобуси, сопственици, и сите и кои вршат јавен меѓуградски, меѓуопшински и превоз на ученици за најсериозно однесување и навреме отстранување на најмал дефект, како и редовен технички преглед на секои 6  месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се заканувал на 24-годишниот син, полицијата го привела

 

 

Началникот на  Отсек за  превенција при СВР Куманово, м-р Лиле Младеновска, апелираше до  возачите на автобуси, сопственици,  кои исто така вршат и  меѓународен превоз  на патници,  пред  секое поаѓање да направат детален преглед на автобусите за да се обезбеди и осигура безбедноста на патниците.

 

 

Началникот истакна  дека  од страна на СВР Куманово ќе се вршат и вонредни технички прегледи на автобуси и за секој  констатиран технички неисправен автобус  со кој може да се да се загрози животот на патниците, ќе се превземаат најостри законски санкции против возачите и сопствениците како правни лица.

 

 

Целта, како што додаде Младеновска, е безбедно движење во сообраќајот и безбедноста на патниците кои се превезуваат со компаниите од градот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Започнува обновата на водоводната мрежа на „Моша Пијаде“

Никола Ивановски