Мицкоски од Табановце: Со нова опрема од ЕУ ја засилуваме борбата против организираниот криминал (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од царинскиот терминал Табановце порача дека новата опрема обезбедена со поддршка од Европската Унија ќе придонесе за поголема ефикасност на Царинската управа и за засилување на борбата против организираниот криминал и корупцијата.

 

 

На настанот беа презентирани резултатите од активностите финансирани од ЕУ преку ИПА 2021 Акцискиот документ „ЕУ против организираниот криминал, во поддршка на трговијата“.

 

 

Во рамки на проектот е обезбедена специјализирана опрема и оперативни возила за модернизација и унапредување на оперативните и технолошките капацитети на Царинската управа, а беше одржана и практична демонстрација на единицата К-9.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел со 2,14 промили алкохол

 

 

Мицкоски им порача на царинските службеници дека се на „првата линија на одбраната на законот и на владеењето на правото“ и очекува со новата опрема да постигнат уште подобри резултати.

 

 

Тој нагласи дека целта на Владата е криминалот да стане неисплатлив.

„Мораме да покажеме дека да се биде криминалец и да се занимаваме со криминал е неисплатлива професија“, порача премиерот. Оваа Влада има сериозна намера да застане на патот на тие коишто одлучиле да бидат сојузници на криминалот и порано или подоцна сакам јасно да кажам на македонската јавност и на граѓаните дека тие ќе бидат фатени изведени пред лицето на правдата, изјави Мицкоски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Без намалувањето на ДДВ и акцизата, дизелот ќе беше поскап за 11,5 денари

 

 

Премиерот изрази задоволство од досегашната работа на Царинската управа и најави дека Владата и во иднина ќе продолжи да ја поддржува нејзината работа.

– Очекувам од царината на овие добри резултати уште подобри резултати за да сите заедно дојдеме до одлични резултати иако до сега можам да кажам сме исклучително задоволни од сработеното на македонската царина, рече тој.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски