Американските преговарачи Стивен Виткоф и Џаред Кушнер планираат наскоро да патуваат во Киев и Москва, изјави извор денес за новинската агенција ТАСС.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека се очекува специјалните претставници на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, да се сретнат со украински претставници во Киев во наредните денови, откако украинската страна доби потврда за планираните средби во Москва и Киев.
Зеленски, во синоќешното обраќање до граѓаните, рече дека украинскиот тим што се занимава со преговорите со претставниците на американскиот претседател е во постојана комуникација со Вашингтон и дека датумите на идните средби се привремено одредени, според „Униан“.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека постојат шанси за решавање на конфликтот во Украина, наведувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп е посветен на позитивен, конструктивен ангажман по ова прашање.
„Прво на сите, Русија и Украина треба меѓусебно да постигнат договор, додека другите земји можат само да помогнат во тој процес“, рече Путин, објави Спутник.

