Викенд прогноза за Куманово: Ветровито и многу топло

Сподели со своите пријатели

Времето низ Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степени, а максималната дневна ќе достигне 30 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово воведува примарна селекција на пластика и лименки (ВИДЕО)

 

 

Во сабота ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 35 степени целзусови.

 

 

Сончево и топло време ќе имаме и во недела.

Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час.

Температурите ќе се движат во интервал од минимални 11 до максимални 31 степен целзиусов.

 

 

И во текот на претстојната работна недела ќе се задржат невообичаено високи температури за овој период од годината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со големи амбиции, МКК Куманово ги започна подготовките за новата сезона (ГАЛЕРИЈА)

Никола Ивановски