Општина Куманово воведува примарна селекција на пластика и лименки (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово започнува со воспоставување систем за примарна селекција на пластичен отпад и лименки, а во првата фаза бесплатно ќе бидат поделени 200 канти на домаќинствата во населбата Зелен Рид.

Пилот-проектот го реализираат ЈП „Чистота и зеленило“ и Општина Куманово, во соработка со Центарот за климатски промени и Министерството за животна средина.

Првите канти денеска се доделуваат на улицата „Мирче Ацев“.

 

 

Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ, посочи дека кантите ќе се распределуваат улица по улица и куќа по куќа, а нивното празнење ќе го врши компанијата „Уно продукт“ на секои две недели.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со големи амбиции, МКК Куманово ги започна подготовките за новата сезона (ГАЛЕРИЈА)

– Ќе извршиме донација на пластични канти во кои треба да се селектираат шишиња од вода и сок, обоена и необоена пластика, алуминиумски лименки од сок, пиво и храна и пластични ќеси. Ова е пилот проект продолжуваме понатаму да ги опфатиме сите улици во Зелен рид и да се префрлиме и во други населби, изјави Томиќ.

 

 

Од Општината апелираат до граѓаните правилно да ги користат кантите и да не го мешаат селектираниот отпад со комуналниот отпад.

– Апел да се водат до системот за примарна селекција на пластика и кантите кои ќе бидат доделени да ги користат стриктно за пластика и лименки како не би дошло мешање со комуналниот отпад, порача Александра Протиќ, раководител на Одделението за животна средина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 42-годишен кумановец откако го нападнал својот татко

 

 

Од Центарот за климатски промени велат дека примарната селекција е еден од клучните чекори за воспоставување на циркуларна економија и намалување на количеството отпад што завршува на депониите.

– Една од столбовите на Зелената агенда е циркуларната економија и циркуларната економија не можеме да ја обезбедиме без примарна селекција, изјави Бојана Станојевска Пецуровска од Центарот за климатски промени.

 

 

Таа посочи дека во оваа фаза се опфатени 200 домаќинства, што треба да послужи како почетен чекор за проверка на функционирањето на системот и негово понатамошно проширување низ Куманово.

Собраниот отпад ќе го презема „Уно продукт“, кој ќе ги празни кантите еднаш на две недели. Од Центарот за климатски промени апелираат граѓаните кантите да ги оставаат достапни за подигнување во предвидениот термин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шестти случај на затруено дете во кумановско за месец дена

Активноста се спроведува во рамките на проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан на локално ниво“, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Никола Ивановски