Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, упати честитка до православните верници по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.
Димитриевски, во честитката упатена од негово лично име и од име на Општина Куманово, посака празникот да биде потсетник на вредностите на меѓусебната почит, солидарноста и човечката добрина.
„Од име на Општина Куманово и од мое лично име упатувам искрени честитки до сите православни верници, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
Светиот ден нека биде потсетник за меѓусебна почит, солидарност и човечка добрина, посакувам радост, здравје и среќа во сите домови.
Честит и благословен нека е празникот Голема Богородица, за многу години“, стои во честитката на Димитриевски.

