Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина се искачи на 469, властите предупредуваат за можни нови поплави

Сподели со своите пријатели

Спасувачите во Непал и Кина продолжија да ги бараат исчезнатите во разорните поплави, во кои бројот на жртви се искачи на 469 според последното пребројување, а властите предупредија дека прелевањето на езерото може да предизвика поголема штета.

Во поројните поплави на границата на двете земји, бројот на жртви се искачи од 390 на 469, а повеќе од 1.500 луѓе се водат како исчезнати, објави утрово непалската полиција.

Непалските и кинеските власти предупредија на понатамошни поплави од езерото што се формираше низводно по катастрофата во среда, кое веќе беше прелеано.

Министерството за водни ресурси на Кина вчера објави дека во езерото има околу два милиони кубни метри вода и дека се очекува прилив од уште три милиони кубни метри во текот на следните три дена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Државјани на Србија и Бугарија меѓу исчезнатите во поплавите во Непал

Кинеската јавна служба CCTV утрово објави дека браната на езерото се наоѓа на повеќе од 10 километри од пристаништето Џиронг, на граничниот премин со Непал, кој беше зафатен од кал и поплавни води.

CCTV објави дека езерото се наоѓа на надморска височина од 2.950 метри надморска височина, околу 1.000 метри над граничниот премин Џиронг.

Непалската армија соопшти дека е испратен тим на граничниот премин за да ја провери реката Бхотекоши, поради закана од понатамошни поплави.

Според непалските власти, 3.253 лица биле евакуирани од најпогодените подрачја, а преживеаните биле префрлени во Катманду и други локации.

Меѓу исчезнатите имало странци од неколку земји, од кои многумина биле планинари и аџии.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почина норвешкиот крал Харалд V, помина 35 години на тронот

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп изјави дека сцената на поплавите била ужасна и рече дека властите на таа земја ќе им обезбедат на лидерите на Непал „сè што сакаат“.