Двегодишно дете вчеравечер завршило во кумановската болница откако било затруено со инсектициди.
– На 26.08.2026 во 22:22 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово е пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со инсектициди, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од Општа болница Куманово велат дека детето е во стабилна состојба.
– Станува збор за двегодишно дете кое е примено кај нас на ОРЛ, нема ерозија. Стабилно, во добра состојба и со уреден наод по органски системи, информираат од Општа болница Куманово.
Од полицијата посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ова е дури трет случај на затруено дете за само еден месец во Куманово.
На 31ви минатиот месец двегодишно дете заврши во болница поради труење со средство за разредување боја, а неполни две недели подоцна друго двегодишно дете беше затруено со лекови.
Никола Ивановски

