На 27 август во 2:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.А.(23) од Скопје.
Полицијата постапувала по претходна пријава дека на подрачјето на Шуто Оризари, под дејство на алкохол, го нарушил јавниот ред и мир, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

