Мопедист тешко повреден откако изгубил контрола и паднал кај Тетово

Сподели со своите пријатели

На 26 август околу 15:30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Џепчиште – село Једоарце се случила сообраќајна незгода.

Според пријавеното, 39-годишниот Е.Џ. од село Џепчиште, тетовско, управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот.

Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанка нападнала полицајци при вршење службени дејствија