Непознат маж викендов сопрел и допирал 19-годишна кумановка додека се по улица, по што избегал со својот мотор.
– На 08.08.2026 во 22:25 во СВР Куманово, 19-годишна девојка од Куманово пријавила дека на 07.08.2026, додека се движела на улица „Миле Кипра“ во Куманово, едно машко лице ја допирало по телото и побегнало со мотоцикл, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Член на семејството на девојката, за Кумановски Муабети раскажа дека настанот се случил половина час по полноќ, откако додека таа се движела во близина на месноста бунарче.
– Дошол одзади со скутер и ја заробил меѓу скутерот и оградата на некоја куќа и ја допирал, смеејќи се додека го правел тоа, по што избегал. Носел крем маица, според гласот звучел помладо, во момент на паника таа не можела да направи ништо, раскажа членот на семејството.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

