Српскиот интернационалец Андреја Стевановиќ и во новата сезона ќе го носи дресот на МКК Куманово откако денеска официјално го продолжи договорот.
– Нашиот сигурен бек ќе продолжи да го носи дресот на Куманово и во новата сезона, со уште поголема мотивација да го надмине сопствениот максимум и да придонесе за нови победи, велат од клубот.
Со просек од над 17 поени по натпревар во изминатата сезона, Стевановиќ беше еден од клучните играчи во тимот.
Стевановиќ има 30 години и во својата досегашна кариера настапувал за Раднички Крагуевац, Напредак Алексинац, Борац Чачак, Динамик, Партизан, Евле, Ловчен, Металац и Кожув.
Никола Ивановски

