Педесет и четиригодишен бил приведен на Граничниот премин Табановце при обид да внесе марихуана во Македонија.
– На 04.08.2026 во 11:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Е.К.(54) од Швајцарија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при преглед во патничко возило „опел“ со швајцарски национални ознаки, во кое се превезувал како сопатник, била пронајдена марихуана, за која изјавил дека е негова.
– Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

