Неколку локации во Куманово денеска во текот на денот привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Електродистрибуција денеска во период од 08:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат објектите на локалитетот Карпошова Воденица.
Во истиот период прекини ќе има и кај корисниците од дел од улицата „11 Ноември“ поточно од мостот за населбата Бедиње до Кафе Мока.
Прекини од 08:00 до 14:30 ќе има и кај корисниците од улицата „Трајко Јовановски Кмет“ односно локалитетот Шумски пат.
Без струја од 08:50 до 14:30 ќе биде и селото Стрновац.
Во меѓувреме поради дефекти без струја се селата Руѓинце, Облавце, Сув Орах, Бељаковце, Довезенце, Јачинце и Стрезовце.
Никола Ивановски

