Голем шумски пожар во Турција: Огнот кај Анталија се шири поради ветерот, се гасне и од воздух и од земја

Сподели со своите пријатели

Шумски пожар избувна во близина на Анталија во Турција и во моментов се гаси и од воздух и од земја.

Пожарот избувна во шумска област на населбата Узумлу од причини што сè уште не се утврдени, објавува Анадолија.

По пријавата, екипите на Регионалната шумарска управа во Анталија и противпожарната служба беа испратени во областа.

Шест хеликоптери, три авиони, 14 противпожарни возила, пет возила за водоснабдување, две возила за итна интервенција и 135 шумски работници се вклучени во гаснењето на пожарот.

Се вели дека пожарникарите продолжуваат со своите напори за борба против пожарот од воздух и од земја за да го стават под контрола пожарот, кој се шири поради ветерот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешниот претседател на Јужна Кореја осуден оти лажел во изборната кампања